септември 19, 2024
Во изминатите денови бевме сведоци на голема арктичка бура која ги зафати САД и Канада, а метеоролозите за нејзиното потекло ја обвинуваат циклонската бомба. Иако според нив е исклучително ретка појава, она што ја карактеризира е тоа што е поинтензивна од другите видови бури, а еве зошто.

Циклонските бомби се големи и интензивни бури кои се формираат на средните географски широчини, познати по низок притисок во нивните централни делови и низа други екстремни временски феномени кои ги придружуваат. Меѓутоа, за таа да стане „бомба“ и да предизвика проблеми какви што се забележани во текот на викендот на северноамериканскиот континент, нејзиниот централен притисок мора брзо да се намали – според некои проценки најмалку 24 милибари за 24 часа.

Процес на бомбогенеза

Во услови кога циклонот минува низ т.н бомбогенеза, тоа значи дека прима одредена количина на топлина и влага, но и дека воздухот во него брзо се крева. Како резултат на тоа се создаваат циклонски бомби кои носат силни ветрови и бури, придружени со екстремно ниски температури. Регионот најпознат по бури од овој тип е американскиот источен брег, бидејќи зоните северно од тропските предели ја црпат својата енергија од големите температурни контрасти.

Со други зборови, во областите околу потоплите водни маси – топлина и влага има во изобилство. Меѓутоа, штом студениот континентален воздух се најде над него, условите во долниот дел на атмосферата стануваат крајно нестабилни. Воздухот се крева, лади и кондензира, а како резултат на овој процес се формираат облаци кои предизвикуваат интензивни врнежи, а понекогаш и силни ветрови кои доведуваат до уште поголемо „кревање“ на воздухот.

Крајниот резултат е процес на повратна спрега, што предизвикува топлиот воздух да се зголемува со се поголема брзина. Ова овозможува брз пад на притисокот во центарот на системот и засилување на ветровите додека атмосферата се обидува да ги изедначи разликите.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK