ноември 23, 2024

Поранешниот американски претседател Доналд Трамп тврдеше дека Федералното биро за истраги, кое го истражува губењето на лаптопот на Хантер Бајден, синот на актуелниот шеф на државата Џо Бајден, цензурирал „незгодни“ информации поврзани со случајот непосредно пред изборите во 2020 година.

– ,,Само што се дозна дека ФБИ, кој го „истражува“ случајот Хантер Бајден, испратил бројни барања за цензура за да ги задржи доверливи сите лоши вести токму пред изборите во 2020 година. Со други зборови, истите луѓе кои го „истражувале“ се погрижиле тој да не добие лош публицитет”, напиша Трамп.

Според поранешниот шеф на државата, оваа ситуација е многу срамна а зад неа стојат истите луѓе кои претходно го обвинија за вмешаност во изборна измама и заземање на Капитол од поддржувачите на Трамп во јануари 2021 година.

Во октомври 2020 година, непосредно пред претседателските избори во САД, „Њујорк пост“ објави серија стории засновани на преписката наводно за лаптопот на Хантер Бајден, кој бил пронајден во продавница за поправка во Делавер.

Сопственикот на работилницата направил копија од хард дискот, кој му бил даден на Руди Џулијани, поранешниот градоначалник на Њујорк и личен адвокат на тогашниот американски претседател Доналд Трамп.

Лаптопот, подоцна бил запленет од ФБИ.

,,Дејли мејл” напиша дека фотографиите пронајдени на лаптопот може да укажуваат на вмешаност на Бајден Јуниор во криминални активности во областа на трговија со дрога и проституција.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK