ноември 27, 2024

Украинскиот амбасадор во Белорусија беше поканет на разговор во Министерството за надворешни работи во Минск, што всушност е белоруска протестна нота упатена до Украина. Белорусија тврди дека денеска соборила украинска ракета во воздушниот простор што им припаѓа ним.

Портпаролот на белоруското Министерство за надворешни работи Анатолиј Глаз вели дека белоруската страна овој инцидент го смета за исклучително сериозен.

-,,Бараме украинската страна да спроведе темелна истрага, да повика одредени луѓе на одговорност и да преземе опсежни мерки за да спречи повторување на вакви инциденти“, рече Глаз.

Портпаролот на украинската армија всушност призна дека се работи за украински проектил.

– ,,Тоа не е ништо чудно, тоа е резултат на противвоздушна одбрана. Тоа се има случено неколку пати“, рече тој.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK